Поврзете се со нас

Италија

Алтобели нема да ги заборави тренинзите со Пандев: Тој беше вистинско чудовиште!

Објавено

на

Матија Алтобели, син на легендарниот голгетер Алесандро Алтобели раскажа една интересна анегдота поврзана за неговите почетоци во Примавера тимот на Интер, која се однесува за стартот на една незаборавна фудаблска авантура на Апенините која трае и ден денеска.

Синот на легендарниот Алтобели беше соиграч на нашиот Горан Пандев во првите фудбалски искуства на Гоче во Италија, а Матија кој не изгради ниту приближно добра кариера како капитенот на македонската фудаблска репрезентација, не крие дека била посебна чест за него што ја делел соблекуваланта со фудбалски мајстор како што е Гоче.

Во обраќањето кое го имаше за „Weekchat“, Матија беше прилично сентиментален и се потсети на случувањата од пред 20 години, потенцирајќи ги денот кога двајца Македонци дошле на проба во младинската школа на Интер.

– Во сезоната 2001-02, имаше десетици странски фудбалери во тренинг кампот, вклучувајќи и двајца Македонци. Горан Пандев и Ацо Стојков. Овој вториот требаше да биде вистинскиот избор, а Пандев го придружувал само за да му прави друштво. Но, само после два тренинзи, Горан почна да лета по теренот, да не прескокнува сите како да сме статисти.

– Технички беше вистинско чудовиште. Заедно со Обафеми Мартинс не направија шампиони. Подобар требаше да биде Стојков, но тој постојано беше повреден и не заигра. Горан е извонредно момче, секогаш се скромен и среќен сум што играв со него, – вели Матија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни