Алтипармаковски се сели во Сараево

Marjan Altiparmakovski

Македонскиот фудбалер Марјан Алтипармаковски веројатно ќе му стане клупски соиграч на Крсте Велкоски во редовите на Сараево.

Според босанските медиуми, раководството на Сараево веќе преговара со Алтипармаковски и тој наскоро би можел да им се приклучи на подготовките на своите нови соиграчи.

Алтипармаковски го напушти Работнички за да го засили Интер Запрешиќ, а во меѓувреме замина во редовите на литванска Судува каде постигна 5 голови.

Facebook Коментари