Алтипармаковски му стана соиграч на Велкоски: Ќе дадам се од себе за да Сараево ја оствари зацртаната цел

Marjan Altiparmakovski

Една од најдобрите екипи во Босна и Херцеговина, Сараево од денеска има уште еден Македонецот во своите редови-напаѓачот Марјан Алтипармаковски.

Тоа што претходно беше најавено се оствари и Алтипармаковски е нов соиграч на Крсте Велкоски кој да не заборавиме е капитен на Сараево.

-За мене е предизвик што дојдов во ваков голем клуб како Сараево. Мое е да работам напорно на секој тренинг и да давам се од себе на секој натпревар, се надевам ќе му помогнам на клубот да дојде до зацртаната цел. Го познавам Велкоски од порано, ми кажа се најдобро за клубот, градот и сигурно не згрешив што дојдов овде, -рече Марјан кој потпиша едно ипол годишен договор.

Битолчанецот во својата досегашка кариера го има носено дресот на Судува, Интер Запрешиќ, Работнички, Панилиакос, Ксанти и Пелистер.

Facebook Коментари