Поврзете се со нас

Формула 1

Алпин ќе користи погонски единици на Мерцедес

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AlpineF1Team

Формула 1 тимот Алпин денеска официјално потврди дека од 2026 година ќе користи мотори и трансмисии на Мерцедес.

Рено одлучи да ја затвори својата програма за развој и производство на погонски единици за овој спорт, па мораше да се најде решение за Ф1 тимот, а не е големо изненадување што Французите решија да соработуваат со германскиот гигант.

Алпин најави дека ќе користи мотори на Мерцедес најмалку до 2030 година, на почетокот ќе користи и трансмисии и задни крила, но подоцна ќе се обиде сам да ги произведува овие елементи.

Тимот на Рено не успеваше да ги оствари најавените амбиции со фабрички мотор, па сега ќе се обиде да биде поконкурентен со асистенција на Мерцедес, додека внатрешното кадровско реструктуирање му е оставено на Флавио Бриаторе и неговото долгогодишно искуство во Формула 1.

Алпин ја започна актуелната сезона со најспори болиди на патеката, но постојано правеше напредок, па освои второ и трето место на трката во Бразил, со што значително ја подобри позицијата меѓу конструкторите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни