Поврзете се со нас

Германија

Алонсо за неговата иднина во Леверкузен: Има една голема разлика…

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен го пречекува Бохум во меч во кој домаќините ќе се обидат да ја оправдаат фаворитиската улога и да направат уште поголем притисок врз Баерн Минхен во трката за пехарот во Бундеслигата.

Ако „фармацевтите“ слават на „БајАрена“ тогаш разликата ќе биде само три бода со тоа што баварците потоа ќе го одиграа својот меч од тековнава рунда против Ст. Паули.

Тренерот Чаби Алонсо сигурно ќе ги мотивира играчите да дојдат до посакуваната цел, а во меѓувреме тој проговори за неговата ситуација, иднина во клубот откако одново се појавија информации дека може да го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

-Останувам фокусиран на оваа сезона. Ние сме во важна фаза и не сакаме да шпекулираме, Не сакаме да размислуваме за ништо друго освен за фудбал. Фокусиран сум на оваа сезона и на ништо друго. Ситуацијата е поинаква. Во тоа време [минатата година] имаше што да се одлучи. Овој пат нема. Тоа е големата разлика, -порача Чаби кој има договор до 30 јуни 2026 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни