Поврзете се со нас

Македонија

Алонсо со порака на Клоп се најави во Пелистер: Да создадеме култура во која сомнежите ќе ги претвориме во луѓе кои веруваат

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Шпанскиот ракометен стручњак Раул Алонсо денеска официјално беше претставен како нов предводник на актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер.

Тој позираше со клупските обележја во друштво на спортскиот директор Звонко Шундовски кој го апозна со клубот, градот и проектот.

-Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Имав топло добредојде од сите и ми покажаа дека им е драго што сум тука. Едвај чекам да работам со тимот. Заедно одработивме еден тренинг, на почеток сме на проектот. Среќен сум што сум дел од градот и клубот.

-Од она што го видов имам многу импресии поврзани со тимот. Има простор за голем напредок и можност екипата да биде во корелација со емоциите од трибините, од овој ракометно историски град. Знам дека нашата сала и нашите навивачи се посебни. Ова е ново животно искуство за мене, тимот има потенцијал, но мора и многу да работи.
-Сакам да им порачам на фановите дека сум среќен што ви се приклучив. Доаѓам на место кое бара многу од еден тренер, но може да кажам само што рече Јирген Клоп: Да создадеме култура во која сомнежите ќе ги претвориме во луѓе кои веруваат. Ние веруваме, мора да веруваме, секојдневно да работиме за да ги задоволиме нашите навивачи. Но, и порачуваме дека и тие ни се потребни, бидејќи со нив имаме еден, дури и два играчи повеќе, -порача Раул кој со зелено-белите потпиша едно ипол годишен договор.

Алонсо на новата функција ќе дебитира в среда против Фредерија во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни