Поврзете се со нас

НБА

Алонсо пред соочувањето со „лисиците“: Го имаат најдобриот светски ракометар, но…

Објавено

на

Еурофарм Пелистер го победи Динами Букурешт, а потоа и Алкалоид во дербито во Суперлигата, па во одлично атмосфера го очекува големиот предизвик, дуелот со Фуксе Берлин во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак е гостин на „лисиците“ во пресметката која е закажаната за утре од 20:45 часот во Берлин, меч на кој домаќините се апсолутни фаворити на хартија, но тоа ќе треба да го потврдат и на теренот.

Тренерот Раул Алонсо е свесен за тоа што ги очекува, меѓутоа очекува неговите момци да го дадат најдоброто од себе.

-Февруари е брутален, но така е за сите екипи. Фуксе Берлин го има истиот проблем со заморот како и ние. Тие пред неколку дена играа со Флензбург во Бунделсигата. Навистина играат добро. Сепак, навикнати сме, малку имаме време да уживаме по одличниот домашен натпревар вчера и среќен сум што напорната работа се исплатува. Секој трет ден играме натпревар, сега патуваме за Германија, ни следи натпревар со врвна екипа и светска класа на ракометари.

-Наша цел ни е да одиграме на највисоко ниво во Берлин. Завршивме одлична работа во последните неколку месеци, освоивме многу бодови и достигнавме ниво да се натпреваруваме на високо ниво на домашен терен и сега предизвик е да се покажеме така добро во гости. Има полесни натпревари од овој во Берлин, но кога играте во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок.

-Го познавам Фуксе Берлин многу добро. Скоро дваесет години го градат овој проект на паметен начин. Секогаш имале врвна екипа, пред неколку години играат Ф4 на Лигата на шампионите и сега се во момент кога се борат за трофеите во Германија и целат кон учество на завршниот турнир во Европа. Потпишаа некои врвни ракометари, го имаат најдобриот светски ракометар, го продолжија договорот со него и не е коинциденција што се толку добро. Во состојба се да се натпреваруваат за сите трофеи. Ќе биде тешко да се игра против нив, но треба да се концентрираме на нашата игра и да одиграме на ниво, -порача шпанскиот стручњак.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни