Алонсо посочи која е негова цел за во иднина: Сонувам да бидам…

alonso

Чаби Алонсо по крајот на минатата сезона реши да и стави крај на својата импресивна кариера во која освен индивидуални признанија освои многу клупски и трофеи со националниот тим.

Во секој тим во кој играше тој остави голема трага, меѓутоа еден му е многу при срце-тоа е составот на Ливерпул за кого настапуваше од 2004 до 2009 година со што сега сонува еден еден да биде менаџер на „црвените“.

-Да секако сонувам за тоа, ама прво морам да се подготвам и докажам. Ако одлучам да се испробам како менаџер, поврзаноста, посветеноста, страста кон Ливерпул е тука. Зошто не? Ќе видиме дали нашите патишта ќе се вкрстат, -истакна Алонсо кој очекува Стивен Џерард пред него да застане на чело на Ливерпул.

-Мислам дека Стиви тоа ќе го направи побрзо од мене, тоа е природен начин. Стиви е веќе таму, па погодувам дека тоа ќе го направи порано, отколку подоцна, -вели Шпанецот.

Facebook Коментари