Поврзете се со нас

Германија

Алонсо образложи како му одржа тактичка лекција на Тухел без голем посед на топката

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо е вистински хит меѓу младите стручњаци во изминатите 18 месеци и прерасна во тренер кој го посакуваат најголемите европски великани, но Шпанецот реши да остане барем уште една сезона во Баер Леверкузен и да го предизвика Баерн Минхен.

Алонсо го презема Леверкузен во многу тешка ситуација и го доближи до Европа на крајот од минатата сезона, меѓутоа оваа кампања сите ја гледаат на дело неговата извонредна работа која резултира со неверојатни партии од „фармацевтите“.

Леверкузен е непоразен 31 меч во низа и вчера го потопи Баерн Минхен во големото дерби со 3:0, натпревар на кој Чаби едноставно му одржа тактичка лекција на Томас Тухел во секоја смисла на зборот.

Чаби го „прочита“ својот колега и го намириса секој негов повлечен потег, па сега на Германците им објасни како неговите играчи успеаја да го надиграат Баерн Минхен и да постигнат три гола без голем посед на топката (баварците имаа 62 проценти посед во своја корист).

– Кога го подготвував натпреварот со Баерн, многу варијанти ми беа во глава. Знаев дека им се враќа стоперот Ким, знаев дека фит ќе биде и Упамекано и дека може да играат со тројца стопери. На крајот испадна така, Тухел беше брилијантен со 3-4-3 системот, но ние бевме подготвени да ги исконтролираме во секоја смисла. Знаевме кога да извршиме пресинг, знаевме кога да чекаме. Знаевме кој нивни играч може да ја има топката, кој нема да ја сака. Дефанзивно бевме на неверојатно ниво.

– Дефанзивните задачи од нашите офанзивци Телја, Вирц и Адли беа извонредни. Тие извршуваа пресинг во вистински момент, но такво ни беше договорот. Вршевме пресинг врз нивните стопери, целта беше да не добијат простор нивните играчи за врска. Мусиала и Сане сакаа да добијат простор на крила со повлекување на Кејн кон средина, но ние бевме подготвени и за тоа. Успеавме да ги контролираме, иако во најголем дел од мечот ја немавме топката во свои нозе. Создадовме многу шанси за гол, а не паметам дека тие создадоа некоја сериозна, – гласи образложението на Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни