Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо обелодени која брзина ја достигнал со историското Рено во Абу Даби: Овој болид и сега ќе биде конкурентен! (Видео)

Објавено

на

Фернандо Алонсо навистина уживаше на последниот викенд во Абу Даби и имаше можност повторно да влезе во историското Рено со кое ја освои шампионската титула во 2005-та годна, па во најавата за трката на која победи Макс Ферстапен, искусниот Шпанец дефинитивно се најде во центарот на вниманието.

Алонсо успеа да изнуди оригинална реакција од шампионот Луис Хамилтон и звукот на легендарното Рено Р25 дефинитивно потести на златните времиња во Формула 1, а како возач кој наредната сезона одново ќе биде дел од „најбрзиот циркус“ во светот, Фернандо сега одлучи да открие какво било чувстото одново да се вози болидот кој е дел од Ф1 музејот.

– Дефинитивно уживав во возењето, овој болид е специјален за мене и за спортот воопшто. Да се слушне V10 машина на една од модерните патеки е навистина специјално за сите нас. Не само еднаш, имав можност дури три пати да влезам во болидот и беше навистина фантастично што имав таква егзибиција, – вели Алонсо во интервјуто за „Моторспорт Магазин“ и продолжува.

– Остварив подобро време со овој болид од оној кој го тестирав со Рено, мислам дека главната разлика ја направија гумите. Овој болид оди навистина добро со меките гуми и навистина бев многу изненаден од брзината со која го извозев кругот. Болидот беше навистина брз, дури и на правецот достигнав брзина од 329 километри на час, без помош од ДРС и билошто друго, – додадава Шпанецот кој смета дека овој болид може да биде конкурентен и во модерната ера на Формула 1.

– Ако го подготвиш овој болид за трка, ако поработиш на конфигурацијата и минеш три дена во него, ќе биде навистина многу брз на трката, – завршува Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни