Поврзете се со нас

Германија

Алонсо: Не размислуваме за титула

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен е една од екипите која дефинитивно ја одбележуваа оваа сезона во најквалитетните шампионати во Европа.

Популарните „фармацевти“ блескаат во Бундеслигата каде по 11. кола се на првата позиција на табелата и имаат загубено само два бода и тоа во пресметката со Баерн Минхен на „Алијанц Арена“. Бундеслигашот напредува и во Купот, Лига Европа што доволно говори дека Чаби Алонсо состави група која е подготвена да постигне големи работи.

Сепак Шпанецот е мирен и сака да се оди чекор по чекор.

-Свесни сме дека се создаваат очекувања, но не сакаме да бидеме дел од тоа создавање. Сакаме да бидеме дел од она што можеме да го направиме и да видиме колку добро или колку можеме да заслужиме да ја заработиме таа шанса, -истакна Чаби.

-Охрабрен сум да поставувам свои критериуми на теренот, да донесувам независни одлуки и да работам на тој начин. Не се работи за тоа играчите да бидат роботи, не се работи за тоа: „Секогаш треба да го правиш ова, а ако не го правиш, ќе бидеш на клупата“, -додаде Алонсо кој низ кариерата можеше да учи од големи тренерски имиња како Анчелоти, Мурињо, Гвардиола…

-Има одредени моменти кога размислувам – што се случи тој ден, во таа ситуација? И тие искуства ми помагаат да направам нешто, да размислувам и да пробам поинаков пристап. Сега тие искуства многу ми помагаат. Не сакам да зборувам за мојата работа како тренер со голем авторитет, бидејќи мислам дека го немам тој авторитет. Рано е за тоа, се трудам да ги слушам тренерите кои многу ги почитувам, -заклучи предводникот на бундеслигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни