Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алонсо: Милан ни направи многу проблеми, но…

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен во меч со две различни полувремиња успеа да слави над Милан со 1-0 во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.

Домаќините беа далеку подобри во првиот дел во кој сепак не ја крунисаа иницијатативата, вториот му припадна на Милан, но Леверкузен беше тој што успеа да спроведе една топка во мрежата на противникот и тоа преку напаѓачот Бонифејс во 51 минута.

-Мислам дека е одлична вест што германскиот фудбал е конкурентен. Ова беше одличен резултат против тимот на Милан кој навистина ни направи многу проблеми, па моравме наизменично да се менуваме кога ја контролиравме и кога тие ја преземаа иницијативата.

-Нашите први 60 минути беа навистина добри, но кон крајот почувствувавме одреден замор предизвикан од саботниот натпревар против Баерн Минхен. Покажавме и дух и карактер за да останеме таму. Ова е Лигата на шампионите, мора да бидете способни да се борите напорно и да покажете тимски дух, а не само да играте убав фудбал. Ова е важен чекор за нас.

-Мислам дека се мачевме многу затоа што со толку многу шанси и само еден гол, можеби малку пребрзо се повлековме. Тоа е нешто што треба да го подобриме. Многу играчи исто така беа уморни по саботата и останавме бев енергија, но тимот покажа зрелост и  фокусираност, -истакна тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни