Поврзете се со нас

Германија

Алонсо: Краткиот пат е во Купот, долгиот е…

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Кајзерслаутерн е првиот патник во финалето на Купот на Германија и тоа откако излезе како победник од пресметката со Сарбрикен која ја доби со 2-0.

Негов ривал во завршниот меч ќе биде подобриот од битката меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф, битка закажана за вечерва од 20:45 часот, битка во кој асполутен фаворит се домаќините. Леверкузен има можност да ја продолжи одличната серија на резултати со тоа што тренерот Чаби Алонсо има максимална почит за противникот иако истиот доаѓа од втората лига.

-Со нетрпение го очекуваме натпреварот, Фортуна е многу добар противник, тие се во добра форма. Тие се интензивен тим со добри играчи. Имаат јасен план за игра, играат со многу посед и силни се во контра нападот. Добро сме подготвени за ова. Двете екипи имаат големи шанси да играат во финалето. Ќе направиме се што е во наша моќ да стигнеме до Берлин. Важно е да го направиме последниот чекор.

-Играњето во финале е нешто посебно. Купот е нешто посебно. Бев таму еднаш и имам убави спомени од тоа. Во тимот има и играчи кои беа во финалето за Купот во 2020 година. Тие сакаат повторно да стигнат таму и да победат овој пат. Немаме повредени играчи, сите се на располагање и тоа не става во многу добра ситуација. Можете да очекувате состав со најдобрите единаесет. Се надевам дека ќе ја прикажеме нашата најдобра игра, а за тоа ни требаат нашите навивачи, со добра атмосфера во БајАрена, -рече Алонсон и додаде:

-Краткиот пат е во купот, а подолгиот е во Бундеслигата. Ниту еден од нив не е лесен, секој е тежок на свој начин. Подготвени сме на сите сценарија, вклучително и пенали. Но, нашата цел е да го решиме натпреварот во 90 минути. Добро се снајдовме досега, но со нашите добри настапи досега не освоивме ништо, -заврши Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни