Германија
Алонсо кажа „Да“: Прв сериозен тренерски ангажман за легендарниот играч за врска

Чаби Алонсо мирно и трпеливо се надоградуваше како тренер откако стави крај на играчката кариера, па откако во изминатите четири години работеше во младинските категории на Реал Мадрид и Реал Сосиедад, сега е подготвен за првиот сериозен ангажман на европската сцена.
Во ситуацијата ќе станува збор за интеренационален предизвик, бидејќи Чаби Алонсо дал зелено светло и се согласил да го води германскиот великан кој минува низ навистина тешки моменти на стартот на сезоната.
Баер Леверкузен е претпоследен во Бундеслигата, игра очајно и во Лигата на шампионите, па германските медиуми пренесуваат дека Чаби Алонсо ќе биде наследниот на тренерот Сеоане, чиј часови веќе се избројани во клубот.
Веста од Германија ја потврди и угледната „Марка“, која пак открива дека Чаби се согласи за соработка и ќе стави потпис на договор во времетраење од 20 месеци.
Алонсо ќе потпише до јуни 2024-та година, а негов помошник во Баер Леверкузен ќе биде човекот од доверба, Себас Парилја.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција