Формула 1
Алонсо го истрола Хамилтон: Добре дојде во клубот!

Фернандо Алонсо е еден од поранешните светски шампиони во Формула 1 кои настапуваат и во актуелното првенство и немаат доволно брз болид за да се борат за највисок пласман.
Шпанецот кој вози за Алпин е свесен за реалните амбиции кои ги има во францускиот тим, а тоа го искористи и малку да го истрола Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион сезонава се мачи со болидот на Мерцедес и е далеку од позицијата на која навикнавме да го гледаме, па со секоја трка се оддалечува од нов трофеј во Ф1.
– Овој спорт е таков. Понекогаш имаш подобар, понекогаш послаб болид, но секогаш мора да се обидуваш да напредуваш.
– Оваа сезона видовме дека во Формула 1, возачот е важен, но не и пресуден. Она што се случува е добар потсетник дека сите тие бројки и рекорди зависат од тоа што го добивате како пакет со болидот.
– Луис вози исто толку добро како и последните години, доминираше во Ф1, соборуваше рекорди на сите страни. А сезонава, ќе извози фантастичен круг и повторно доцни една секунда. Па, Луис, добре дојде во клубот, – му порачал Алонсо на Хамилтон.
-
Светпред 19 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 20 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 21 час
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 20 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 21 час
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 18 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола