Поврзете се со нас

Свет

Алонсо доби директно прашање за интересот од Баерн, Шпанецот тврди: Само едно е сигурно во овој момент

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Чаби Алонсо е примарна цел на Ливерпул и Баерн Минхен и уште отсега е јасно дека двата великани ќе се борат за неговиот потпис на крајот на сезоната, но според германските медиуми, битката се води уште сега.

Тренерот на Баер Леверкузен стана „барана роба“ после сензационалните резултати кои ги има тимот под негово водство, па во моменти кога новинарите не му го даваат потребниот мир, Чаби се обидува да се дистанцира од сите шпекулации.

Главен фокус на Чаби е да ја заврши сезоната со Леверкузен и да ја прекине 11-годишната доминација на Баерн Минхен во Бундеслигата, по што сигурно ќе му биде доста полесно да донесе конечна одлука за својата иднина.

На денешниот официјален прес пред утрешниот меч со Мајнц, Шпанецот доби директно прашање дали бил директно исконтактиран од претставници на Баерн Минхен, по што Чаби го даде следниот одговор:

– Го разбирам вашето прашање и разбирам дека сте љубопитни, но немам да кажам ништо ново на оваа тема. Сите гласини во јавноста се хипотези. Јас сум тренер на Баер Леверкузен во овој момент и само тоа е сигурно.

– Што се однесува на иднината, немам што да кажам во овој момент. Ќе видиме што ќе биде понатаму. Нормално е да се поставуваат прашање и го сфаќам тоа, но не е вистинско време да зборуваме за тоа, – изјави Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни