Поврзете се со нас

Германија

Алонсо: Баерн Минхен е фаворит за мене

Објавено

на

Фудбалскиот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо денеска изјави дека Баерн Минхен е првиот фаворит за освојување на титулата во Бундеслигата.

Фудбалерите на Баер Леверкузен минатата сезона ја освоија „двојната круна“ во Германија. Тимот од Леверкузен во петок ќе и гостува на Борусија Менхенгладбах во првото коло од новата сезона во Бундеслигата.

„Почнуваме од нула, како и сите клубови. Успесите од минатата сезона не ни значат ништо оваа сезона. Мораме повторно да работиме напорно за да освоиме бодови“, изјави Алонсо, а пренесува официјалниот сајт на клубот.

Германските медиуми ги пренесоа изјавите на одредени фудбалски стручњаци, кои тврдат дека Баер Леверкузен и оваа сезона би можел да ја освои титулата во германскиот шампионат.

“Тие изјави не значат ништо. Баерн Минхен е фаворит за мене. Нашата цел е јасна – пласман во најдобрите четири екипи. Сега е важно добро да ја започнеме сезоната”, додаде Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни