Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алонсо: Ако не ги искористите шансите, тогаш не заслужувате да победите

Објавено

на

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер одигра без победник во соочувањето со Фредериција во групата А во Лигата на шампионите.

Не искористи напад за победа: Пелистер со второ реми во ЛШ

Битолчани посакуваат триумф против тимот кого го совладаа во Данска, имаа шанса за тоа особено со играта во вториот дел, меѓутоа тие шанси не беа искористени меѓу кои и последниот напад на натпреварот во салата „Боро Чурлевски“.

-Ова беше посебен меч за мене, но тоа не беше проблем. Фактот дека имавме краток период да се подготвиме против ваков ривал беше најголем проблем. Задоволен сум од дочекот на навивачите, а горд на играчите за оваа борба на теренот. Не се откажавме, тргнавме мирно на стартот и бркавме негатива. Можеби првиот дел не беше најдобар.

-Во второто полувреме знаевме дека ќе се вратиме со помош на публиката. Имавме доста шанси да го добиеме мечот. На крајот мислам дека ако не ги искористите шансите, не заслужувате да го добиете натпреварот, па бодот е добар. За мене како тренер е добро бидејќи имаме доста простор за напредок, ама секако ми е жал што не победивме. Сега имаме малку време за подготовка на следниот првенствен меч, потоа ни следи гостувањето кај Веспрем. Се надевам на добро здравје во следниот период, -истакна тренерот Раул Алонсо за кого ова беше деби на функцијата предводник на „зелено-белите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни