Поврзете се со нас

Шпанија

Алмерија немаше среќа со ВАР одлуките, Карвахал предизвика ерупција со гол за победа во 99. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид одново покажа карактер и победи на натпревар кој изгледаше загубено, но мора да се признае дека попладнево доби огромна помош од ВАР и триумфираше во доста спорни околности.

Алмерија како најлош тим во Ла Лига пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, а после 38 секунди игра ги „замрзна“ домашните навивачи бидејќи Рамазани погоди за 0:1. Грешката на Начо отвори контра за гостите кои успеаја да режираат акција за погодок, но тоа беше само најава за заплетот кој следеше во продолжение.

„Фенерџијата“ во Ла Лига замина со предност од 0:2 благодарение на ремек-делот на Гонзалес пред крајот на првиот дел, а тоа секако беше добра најава за супер возбудливо второ полувреме.

Беше јасно дека Реал ќе фрли се на една карта за пресврт и триумф, но околностите во кои стигна до тоа направи играчите и цел стручен штаб на Алмерија да бидат огорчени од арбитражата.

Судијата Маесо првпат отиде да гледа повторена снимка кога домашните фудбалери бараа пенал, но во дадената ситуација Хоселу правеше прекршок пред топката да удри во раката на дефанзивецот на Алмерија. Белингам немаше проблем да ја реализира најстрогата казна која ја досуди Маесо, но ова беше само почеток на лудата судиска трилогија која следеше.

Алмерија во следниот напад погоди за 1:3, но овој погодок беше поништен поради прекршок над Белингам во зачетокот на акцијата. Фудбалерите на Алмерија не можеа да поверуваат за што се поништува нивниот погодок, а уште повеќе беа шокирани кога Маесо најпрво досуди игра со рака од Винисиус, за потоа да го признае неговиот гол за 2:2.

Гостинскиот тренер Гаритано не можеше да им поверува на судиските одлуки кои беа донесени против неговиот тим, па сосема очекувано доби и црвен картон во продолжение и не го догледа мечот од клупата. Во самиот финиш, Дани Карвахал успеа да погоди за 3:2 и да режира целосен пресврт, а додека сите навивачи на Реал се радуваа на победата, гостите со јасни гестикулации го изразија незадоволството од она што го доживеаја во престолнината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни