Алмагро заработи незгодна повреда, Надал со срдечен гест ги освои тениските фанови во Рим (Видео)

almagro-rafa

Рафаел Надал без да се испоти ја мина првата пречка на Мастерс турнирот во Рим, од едноставна причина што неговиот противник, а воедно и сонародник Николас Алмагро заработи незгодна повреда уште во раната фаза од мечот.

Алмагро беше приморан да го прекине мечот по само три одиграни гејма бидејќи почувствува навистина силна болка во левото колено, до толку што дури не можеше самостојно да стигне до столчето. Надал во дадената ситуација навистина се загрижи и му пријде на својот сонародник за да го запраша што е проблемот, а ваквата срдечна реакција на Рафа наиде на одобрување од гледачите во Рим кои го поздравија „кралот на земјата“.

На крајот Алмагро со помош стигна до столчето и брзо го предаде мечот и со прегратка го испрати Надал во третото коло во кое ќе се сретне со Џек Сок.

Facebook Коментари