Алкасер ја „отвори сметката“, Дортмунд го надигра Франкфурт (Видео)

pako

Составот на Борусија Дортмунд дојде до второто сезонска победа во Бундеслигата и тоа откако вечерва пред своите гледачи го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3-1 и на тој начин барем до утре ќе биде на првото место во најсилниот германски шампионат.

Фаворитот го отвори резултатот во првиот дел преку дефанзивецот Диало во 36 минута. Овој резултат беше актуелен на семафорот се до 68 минута кога Халер стрелаше за 1-1, но шокот на „Сигнал Идуна Парк“ кратко траеше бидејќи во 72 минута Волф реализираше за 2-1.

Точка на победата на домаќините стави новото засилување од Барселона, Алкасер кој ја смети топката во мрежата на Трап во 88 минута.




Facebook Коментари