Поврзете се со нас

АТП

Алкараз сигурно до осумте најдобри, се чека Ѓоковиќ за спектакл во четвртфиналето во Мелбурн

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз успешно ја мина и осминафиналната пречка на првиот грен слем во 2025 година Австралија Опен.

Алкараз беше подобар од Џек Дрејпер и тоа во меч во кој Британецот издржа два сета и по негативата од 2:0 (7:5, 6:1) одлучи да се повлече поради повреда. Со ова Карлитос дојде до најдобрите осум и во четвртиналето го очекува подобриот од пресметката Ѓоковиќ-Лехечка што значи лесно може да се случи да имаме нов спектакл, ако Новак ја оправда улогата на фаворит во тоа соочување.

Инаку Алкараз ќе биде единствениот Шпанецот во новата фаза во Мелбурн затоа што неговиот сонародник Алехандро Давидович Фокина беше убедливо поразен од Томи Пол со 3:0 во сетови со 6:1, 6:1, 6:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни