Поврзете се со нас

АТП

Алкараз пред УС Опен и натаму не може да го преболи поразот од Новак на ОИ: Тоа беше едно од најважните финалиња во мојата кариера

Објавено

на

Се ближи почетокот на новото издание на УС Опен каде најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го одбрани пехарот освоен минатата година.

Сепак, Новак нема да има лесна задача, бидејќи негови најголеми конкуренти ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Младиот Шпанец одржа прес-конференција, на која зборуваше за многу теми, меѓу кои и Новак и поразот во финалето на Олимписките игри.

– Тоа беше едно од најважните финалиња во мојата кариера, во мојот живот. Олимписките игри се играат на секои четири години, па не знам дали ќе имам уште една шанса да освојам злато. Ќе се борам на следната Олимпијада, тоа е сигурно. Но, да, тоа беше многу тежок момент. Го изгубив златото во тесен натпревар каде што имав мои шанси. Против мене имав добар играч кој се бореше исто како и јас и заслужи да победи. Во деновите потоа сфатив, добро, освоив сребро, тоа е нешто на што треба да се гордеам. Се обидувам да продолжам понатаму, да научам нешто од тој натпревар. Во следните натпревари и важни судири ќе се претставам поинаку или подобро отколку на Олимписките игри. Сфатив дека тоа е важен момент во мојот живот – изјави Алкараз.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни