Поврзете се со нас

АТП

Алкараз: Не се чувствував удобно

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека не му било удобно да игра на теренот број еден наместо на Централ.

Таму се натпреваруваа Данил Медведев и Јаник Синер, додека Карлос играше против Томи Пол на вториот по големина стадион.

Тој на крајот по пресвртот славеше со 3-1 во сетови.

„Очигледно е дека условите се различни кога покривот е отворен или затворен. Чувствував голема разлика играјќи на Централ и на број еден. Тревата е поинаква. На број еден има повеќе песок отколку на централното. Не сакам да кажам дупки. Имаше повеќе натпревари на теренот број еденотколку на Централна. Морав да ја прилагодам играта. Воопшто не се чувствував удобно на „кецот“ поради условите. Мислам дека конечно на крајот го најдов најдобриот тенис“, изјави Алкараз.

Сега го очекува соочување со Медведев, кој го елиминира Синер по пет сета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни