Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за враќањето на српскиот тенисер: Ѓоковиќ е суперчовек!

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас ќе се обиде да го одбрани трофејот на Вимблдон, но на патот до таков успех против себе ќе има сериозни ривали и ќе мора да се соочи со многу предизвици.

И покрај неодамна заработената повреда на коленото, Новак Ѓоковиќ реши да се натпреварува во Лондон, а Алкарас вели дека лично му соопштил дека е изненаден од брзата рехабилитација.

– Изненаден сум од неговото брзо враќање, па и нему лично му реков дека е суперчовек.

– Од друга страна ако земеме предвид што прави како професионалец и колку се грижи за својот режим и телото, не сум толку изненаден што помина толку малку време откако се повреди.

– Без разлика на операцијата и краткото време за рехабилитација, тој е на врвот на листата фаворити, – рекол Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни