Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за рекордите на Ѓоковиќ и Надал: Невозможно е да се достигнат, мораш да бидеш вонземјанин…

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Младиот Карлос Алкарас трумфираше на Ролан Гарос и со тоа дојде до третиот грен слем пехар во кариерата прв во Париз на земјена подлога.

Алкарас во полуфиналето и финалето ги совлада Јаник Синер и Александер Зверев, двајца тенисери кои заедно со него дефинитивно се во најдобра форма во овој момент.

Со успехот на Френц Опен, Карлос стана најмладиот тенисер со успеси (титули) на големата сцена на трите различни подлоги што доволно говори колку е сестран, а и дека може да доминира во белиот спорт во наредните 10-15 години.

Сепак кога се во прашање оние најголеми рекорди, луди рекорди како оние на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал тој се уште е далеку.

-Зборував со Хуан Карлос Фереро пред неколку дена, всушност вчера… Пред ова финале тој ми рече: „Ќе се бориш за третата грен слем титула, после се што помина. Знаеш ли колку е тешко да се освои слем, а Новак има 24. Сега не можам да размислувам за тоа, долг е патот, се надевам дека ќе стигнам до 24, но засега сум среќен со третиот пехар, -рече Шпанецот и додаде:

-Двата рекорди се ненормални. Мора да си вонземјанин за да го постигнеш тоа. Тоа што го направи Рафа е практично невозможно (на Ролан Гарос-14 титули), а да освојам 24 слемови – се надевам дека ќе успеам, но и тоа е речиси невозможно. Не знам ни што да кажам, двете работи се незамисливи, заклучи тенисерот кој од денеска е на второто место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни