Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас беше светки рекет број еден некое време, но сега е на втората позиција и тоа откако Новак Ѓоковиќ имаше успешни настапи на неколку турнири во изминатиов период меѓу кои и Ју-Ес Опен каде дојде до 24. грен слем во кариерата.

Шпанецот е свесен дека има што да научи во престојните годни, ама тој веќе си има поставено една краткорочна цел-да се врати на првата позиција на АТП листата.

-Голема е борбата за првото место особено по одличниот настап што Новак го имаше на американската турнеја. Во моментов тој е број еден, па доаѓам овде со дополнителна мотивација да се обидам да се вратам на врвот. Тоа е нешто што го имам на ум секогаш кога тренирам, мислам на тоа на секој турнир. Не е задолжително да се вратам на првата позиција, но морам да си поставувам цели. Позицијата број еден е една од моите главни цели. На следните турнири ќе се обидам да постигнам добри резултати за да се вратам на првото место, -порача Карлос кој ќе настапи на турнирот во Пекинг.

Алкарас во 2023 година не настапи на Австралија Опен, го освои Вимблдон, а играше во полуфиналето на Ју-Ес Опен и Ролан Гарос.

-Следната година ќе се обидам да играм на сите четири грен слем турнири, се надевам дека нема да пропуштам ниту еден од нив. Ќе се обидам да ги правам истите работи што ги правам оваа година. Задоволен сум со моите резултати во 2023 година. Сезоната се уште не е завршена, ми претстојат уште неколку турнири. Се надевам дека успешно ќе ја завршам сезоната – заклучи шпанскиот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни