Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за новиот заплет во „случајот Синер“: Ова не е добро за тенисот

Објавено

на

Foto:x.com/CincyTennis

ВАДА како независно тело имаше право да достави жалба за изречената одлука за италијанскиот тенисер Јаник Синер, а соопштението кое беше вчера испратено во јавноста донесе нов заплет во случајот на светскиот рекет број еден.

Светската антидопинг агенција поднеже жалба на одлуката која ја донесе ИТИА и со тоа овој случај се префрла во Судот за спортска арбитража, што значи дека допинг аферата на Италијанецот ќе донесе најмалку уште една епизоца.

Најугледниот суд во Лозана ќе го има последниот збор за судбината на Синер, бидејќи ВАДА сега побара да биде суспендира од една до две години поради двата позитивни теста на недозволената сусптанца – клостебол.

Ваквиот пресврт беше неочекуван по првичната одлука на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА), па зачуден од целиот настан е и Карлос Алкарас.

– Ова е многу чувствителна тема за Јаник, но и за целиот тенис. После се она што се случи по Синсинати и пред Ју-Ес Опен, ИТИА соопшти дека Јаник не направил ништо лошо и дека тоа е тоа. За жал, целиот случај сега повторно се отвора и мислам дека тоа не е добро за тенисот. Ова не е добар знак за нашиот спорт, не знам зошто се отвора случајот после толку месеци, мислев дека е веќе завршено. Тениското тело процени дека Јаник е невин и така треба да остане. Сега не знам што ќе се случи наредниве месеци, но ова не е добар знак за тенисот.

– Најтешко му е на Синер, сигурно не му е лесно. Цел свет зборува за тоа и како што кажа самиот, некои ќе го гледаат со други очи. Се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо и дека ќе може да се фокусира само на тоа што го сака, а тоа е тенисот. Му посакувам се најдобро во овој процес, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни