АТП
Алкарас за новата тениска ѕвезда која блесна во Буенос Аирес: Има потенцијал да биде број еден

Карлос Алкарас вчера го победи Марин Чилиќ на стартот на турнирот во Доха и очекувано се пласираше во втората рунда, но по остварениот триумф, шпанскиот тенисер давал одговори и за новата тениска ѕвезда на највисока сцена.
Иако Алкарас има само 21 година, Шпанецот дојде во ситуација да зборува за млади ѕвезди кои се во подем, а таков дефинитивно е случајот со Жоао Фонсека кој забележа стратосферски раст во изминатите 12 месеци.
18-годишниот тинејџер во неделата го освои првиот турнир во карирата во Буенос Аирес, па многумина почнаа да го посочуваат како идна тениска ѕвезда која може да им донесе проблеми на Алкарас и Синер.
– Неговиот потенцијал е огромен, нивото на игра кое го прикажува е навистина високо. Видов дека минатата година во оваа фаза бил 660-ти во светот, а сега е 68-ми. Сигурен сум дека брзо ќе продолжи да напредува на АТП листата. Го гледав неговиот меч во финалето, беше извонреден.
– Не е лесно да се победи Серундоло во неговиот роден град, но нивото на Фонсека беше лудо. Среќен сум што ја освои првата АТП титула и со нетрпение го чекам првиот меч против него. Не знам дали ќе биде иден светски број еден, но има потенцијал за тоа. Има ниво да се бори за големи работи во тенисот и навистина би сакал што побрзо да играм со него, – вели Карлитос.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)