Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за неговиот неверојатен податок во петтите сетови: Тоа е доказ за мојата физичка сила

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Карлос Алкарас првпат беше сериозно тестиран како бранител на титулата на Вимблдон и со доста мака го мина третото коло на турнирот, бидејќи Френсис Тиафо имаше предност од 2:1 во сетови.

Американецот играше навистина солидно и му создаде многу проблеми на Карлито под затворен кров на Централниот терен, па Алкарас мораше да прави пресврт и да изнуди петти одлучувачки сет.

Шпанецот клучната разлика ја направи во тајбрејкот во четвртиот сет, па откако израмни на 2:2, одново покажа дека е речиси непобедлив кога игра тениски маратон во пет сета.

Алкарас ја оствари 12-та победа на 13-от меч во пет сета, а тоа дефинитивно покажува дека Шпанецот е извонредно физички, но и психолошки подготвен во одлучувачките моменти.

– Таа статистика е најдобар доказ дека физички сум секогаш подготвен за игра. Кога доаѓа до петти сет, како да расте моето ниво на игра. Чувството дека сум физички добар ми помага да играм помирно. Чувствувам дека противникот мора да биде најдобар што може за да ме победи. Тоа ми помага да решам комплицирани работи и навистина предност е кога знаете дека сте загубиле само еден меч во пет сета, – изјави Алкарас кој вчера го победи Тиафо со 6:2 во последниот сет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни