Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за најголемиот предизвик на Ролан Гарос: Ѓоковиќ прави нешто што другите не можат

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас доста лесно се справи со преизвикот наречен Феликс Оже Алијасим и со лесни 3:0 се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, рунда во која ќе се сретне против тенисер од кого никогаш нема загубено.

Шпанецот влегува со максимална самодоверба против Стефанос Циципас и тоа не го криеше при првото обраќање од теренот, но потоа на прес-конференцијата искрено говорел и за најголемата опасноста која ја има во ждребот.

Според Карлито, тоа и натаму е Новак Ѓоковиќ, од едноставна причина што Србинот не дозволува гратис поени како некои други ривали на земјена подлога.

– Среќен сум што сум во четвртфиналето на Ролан Гарос. Ова е посбен турнир за мене и секогаш сакам да одам далеку. Задоволен сум од нивото кое го понудив, и тактички и играчки. Задоволен сум како напредувам на турнирот и очекувам да бидам се подобар.

– Против Ѓоковиќ е тешко да играте на секоја подлога, но на земја создава неверојатен притисок во секој поен. Од првиот до последниот удар мора да играте долги поени, да играте најдобро што можете и да бидете на 100 посто. Ѓоковиќ прави нешто што другите играчи не можат.

– За него е нормално да биде максимално фокусиран во секој поен, за другите тоа е многу тешко. За останатите е тешко да задржат ист интензитет и ниво на тенис, за Новак тоа е нормално. После два напорни сета минатата година јас паднав и не можев да продолжам, а тој остана на ниво и се му беше нормално, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни