АТП
Алкарас за елементот кој мора да го поправи: Такви подароци никогаш нема да видите од Ѓоковиќ

Карлос Алкарас западна во навистина лош ритам на крајот од сезоната и вчера го претрпе третиот пораз во низа, а овој беше премиерен за него на дебито кое го имаше на завршниот Мастерс во Торино.
По последните порази од Димитров и Сафјулин, младиот Шпанец вчера беше надигран и од Александер Зверев, што само дојде како потврда за падот во неговата игра кој трае веќе два месеци.
Освојувачот на Вимблдон не беше премногу разочаран од нивото кое го презентираше против Саша, но затоа самиот нагласи дека за следната година ќе мора да поправи неколку елементи во својата игра, од кој еден смета дека е клучен.
– Сервисот е еден од елементите кои ќе морам да ги поправам, но пред се, треба да ја поправам константноста на удари. На крајот од вториот и почетокот на третиот сет, имаше многу моменти кога ја фрлив во аут првата топка која ми беше вратена.
– Тоа не смее да ми се случува, не смеам да го подарувам првиот удар. Секој има свој стил на игра, но јас гледам што прави Ѓоковиќ, тој никогаш не ви ја подарува првата топка. Тоа е нешто што мора да го поправам, сметам дека најмногу треба да работам на континуитетот во едно рели, – изјави Алкарас.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 19 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Италијапред 22 часа
Влаховиќ за својата одлука: Го направив она што најмногу го посакував