АТП
Алкарас веќе има замислено и тетоважа доколку стигне до златниот медал во неделното финале: Ќе се направам дека не го слушнав тоа
Карлос Алкарас понуди тениски мастерклас во полуфиналето на Олимписките игри, целосно надигрувајќи го предизвикувачот од Канада, Феликс Оже Алијасим.
Во меч кој траеше само 1 час и 16 минути, Алкарас му препушти само два гејма на противникот и славеше со 6:1 и 6:1, а тоа беше доволно за еден нов историски податок.
Алкарас стана најмладиот олимписки финалист на тенискиот турнир во послдните 120 години, па сега останува да видиме дали своето импресивно патување ќе го заврши со сребрен, или со златен медал.
– Ќе се направам дека не го слушнав тоа…… Искрено, ова е многу важен момент за мене, за мојата кариера и за мојот живот. Се обидувам да уживам во секој момент. Јас играм за Шпанија, не само за себе. Ги претставувам сите Шпанци и сигурно ќе биде тешко во недела. Се обидувам да се фокусирам на себе, а не на противникот кој ќе го добијам.
– Уште пред да пристигнам тука, најавив дека доаѓам по златото. Ако победам во недела, ќе ги истетовирам препознатливите олимписки кругови на себе. Останува уште еден чекор, знам дека финалниот меч ќе биде цела планина за искачување, но ако успеам да победам, ќе ја направам таа тетоважа, – најави Алкарас.
-
Светпред 17 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Лига на шампионипред 23 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 23 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
АТПпред 14 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Светпред 20 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 18 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…