Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Тоа е клучот за мојата игра

Објавено

на

Карлос Алкарас имаше сигурен старт на Аустралијан Опен каде во првата рунда го надигра ветеранот Ришар Гаске со 3-0 во сетови.

Шпанецот славеше со  7:6 (5), 6:1, 6:2 по нешто повеќе од два часа игра, партија од која беше задоволен вториот светски рекет.

-Среќен сум што имам можност да играм во Австралија. Мислам дека ова беше добар меч, во кој уживавме. Ми недостигаше минатата сезона. Се чувствувам многу добро. Доаѓањето беше одлично, уживам и со сите вас е нешто посебно. Имав проблеми во првиот сет, играше на високо ниво. Како одминуваше мечот го подигнав нивото на мојата игра, играв добро.

-Ми помага поддршката од трибините. Овде секогаш е неверојатно. Сите тие навивачи, играњето, тоа се одразува на мене лично. Сакам луѓето да уживаат во мојата игра и тоа е главната работа. Понекогаш не е на нивото што сите го очекуваат, кога ќе го погледнете семафорот. Се трудам публиката да ужива во тоа, -истакна Алкарас.

Карлитос е препознатлив по широката насмевка која му останува на лицето дури и во тешките моменти.

-Притисокот понекогаш е многу силен. Во такви ситуации се обидувате да направите нешто. Ми помага и мојот тим кој е секогаш со мене. Ми овозможуваат повеќе да се смеам, да уживам на теренот. Тоа е клучот за мојата игра. За да играм добар тенис морам да ја имам и таа насмевка која ми помага“, заклучи младиот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни