Поврзете се со нас

Италија

Алкарас со урнебесен коментар го проследи трансферот кој го комплетираше Јувентус (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас е прославено тениско име и поради настапите во изминатите две години стана светски познат за јавноста, а како второрангиран на АТП листата сега стана актуелен и во ситуација кога одмора од разочарувачкиот пораз на Аустралијан Опен.

Шпанецот загуби од Зверев во четвртфиналето и не стигна до завршната фаза на турнирот во Мелбурн, но затоа од вчера е доста споменуван на социјалните мрежи, и тоа поради трансферот кој го режираше Јувентус.

Клубот од Торино ангажираше играч со исто име и презиме како Карлитос, а во случајот станува збор за аргентински суперталент кој доаѓа од редовите на Саутемптон.

Офанзивниот играч за врска доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде откупен за 40-тина милиони евра, па во период кога сите го споредуваа и правеа шеги дека Јувентус го купил тенисерот, на Инстаграм профилот на „бјанконерите“ се јави и самиот тенисер.

– Ќе го дадам најдоброто од себе, ви благодарам за довербата, – порача светскиот рекет број два.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни