Поврзете се со нас

АТП

Алкарас со пресврт до прва Мастерс титула во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкарас ја оправда улогата на фаворит и го освои пехарот на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Карлитос во големото финале беше подобар од Лоренцо Музети по околу два часа игра со 3-6 6-1 6-0. Италијанецот имаше и физички проблеми во третиот сет, односно неговото тело не можеше да ги издржи напорите со оглед на тешката недела и сите натпревари што ги имаше на патот до големото финале.

Ова за Алкарас е прв триумф во Монте Карлот, вкупно шести Мастерс трофеј со што од утре ќе биде втор светски тенисер или поточно ќе го остави зад себе Александер Зверев.

Шпанецот сега води со 4-1 во дуелите со Музети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни