Поврзете се со нас

АТП

Алкарас со фуриозно издание го започна настапот на Ролан Гарос

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкарас со моќно издание го започна настапот на вториот грен слем во 2024 година-Ролан Гарос.

Ова за Карлос беше прв меч по настапот во Мадрид, а паузата од скоро еден месец не оставила трага врз него затоа што лесно се справи со Џефри Џон Вулф од Соединетите Американски Држави.

На Карлос му требаа помалку од два часа да се справи со Американецот кого го совлада со три сета со 6:1, 6:2, 6:1. Фаворитот едноставно леташе на теренот, секогаш имаше соодветни решенија за противникот и избори место во наредното коло во кое ќе игра со подобриот од Дрејпер и Де Јонг, меч на кој Холанѓанецот води со 2-1 во сетови, но истиот е прекинат поради дожд.

Место во второто коло кога се во прашање големите имиња обезбедија Рубљов и Димитров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни