АТП
Алкарас со фуриозна игра ја мина првата пречка на Индијан Велс

Карлос Алкарас мина како фурија во второто коло на Индијан Велс, Мастерс турнир на кој ја освои титулата во последните две години.
Бранителот на титулата тргна моќно во калифорниската пустина и за 69 минути игра го збриша Кентан Алис, кој денеска можеше да парира само во првиот сет.
Алкарас не остави ништо на случајноста и рано направи брејк кој потоа лесно го одржа за 6:4, додека во вториот сет беше уште подобар и со два брејка си осигура убедливи 6:2.
За нешто повеќе од еден час игра, Алкарас ја оправда фаворитската улога се пласираше во третата рунда на Индијан Велс, каде го чека далеку посериозен предизвик.
Денис Шаповалов е разигран во последно време, па сега ќе го предизвика Карлито кој има намера по вторпат да ја одбрани титулата на својот омилен Мастерс.
-
Англија11 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Свет16 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија18 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија16 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија15 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Балкан5 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Свет14 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)