Поврзете се со нас

АТП

Алкарас си постави една главна цел по освоениот трофеј во Париз

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас полека ги сумира впечатоците од сето она што го доживеа во неделата на „Филип Шатрие“, стадион на кој успеа да стигне до прва титула на Ролан Гарос, односно трета во својата кариера.

Младиот Шпанец на само 21 година успеа да освои голем трофеј на три различни подлоги (бетон, трева и земја), па откако си го оствари сонот на Френч Опен, најави дека за месец и половина ќе се врати со иста желба во француската престолнина.

Алкарас вели дека приоритет во овој момент му е олимписко злато како претставник на Шпанија, а бидејќи Олимписките игри се во Париз, тенискиот турнир ќе се игра на терените на Ролан Гарос.

Пред да дојде ред за олимпискиот турнир, Алкарас ќе ја брани титулата на Вимблдон, но самиот тој посочи дека оваа сезона трофејот од Ол Ингланд Клубот му е во втор план.

– Титулата на Вимблдон или олимписко злато? Тешко е да се одговори, но Олимписките игри се еднаш во четири години и тоа е специјален турнир. Не се претставуваме само себе, ја претставувате цела држава, сите Шпанци. Оваа година го бирам олимпиското злато пред Вимблдон, тоа е моја најголема цел, – потенцира Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни