Поврзете се со нас

АТП

Алкарас шоу во Торино: Вчера имаше проблеми со дишењето, денеска режираше магија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/TennisTV

Карлос Алкарас поради болест го откажа вчерашниот тренинг и си замина од теренот после десет минути, па откако неговиот тренер Фереро откри дека имал проблеми со дишењето, многумина го доведоа во прашање и неговиот денешн настап на Мастерсот во Торино.

И покрај тоа што не е целосно фит, Алкарас денеска се прикажа во подобро светло од пред два дена и ја запиша првата победа на завршниот Мастерс, по што останува во игра за полуфиналето.

Карлито го надигра Андреј Рубљов со 2:0 во сетови и многу важен сегмент е тоа што не загуби сет, па сега во директна пресметка со Саша Зверев ќе решава за патникот во полуфиналето.

Алкарас на моменти повторно покажуваше значи на замор и беше евидентно дека не е целосно здрав, но и во такви услови, режираше една магија која ги фрли во транс тениските фанови.

Шпанецот во свој стил се одбрани од сериозните налети на Русинот и успеа да го добие поенот со сензационален пасинг удар, по што побара поголема поддршка од таа што ја добива.

Алкарас го доби првиот сет со 6:3, додека во вториот спасуваше две сет топки во тајбрејкот, пред да слави со 10:8.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни