Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Се уште сум болен, но барем ја забавував публиката

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Карлос Алкарас поради болест имаше проблеми со дишењето и вчера не го одработи предвидениот тренинг, но и покрај тоа што се мачи, денеска излезе на теренот и даде се од себе во дуелот со Андреј Рубљов.

Иако не беше најсвеж, Шпанецот успеа да го пронајде патот до победата и си ги задржа шансите за полуфинале, но за да се најде таму, самиот е свесен дека ќе мора многу да се поправи во наредните 48 часа.

– Сум имал многу подобри денови, имам проблеми со здравјето веќе неколку дена. Ова утро мислев дека ќе ми биде подобро во текот на денот, но бев подготвен колку да излезам на терен.

– И покрај проблемите, излегов да играм и да ја забавувам публиката. Понудив тенис на високо ниво и публиката уживаше. Не ми успеа тоа во првиот меч со Руд, па затоа сум задоволен од тоа што го понудив денес.

– Се уште сум болен, дури и се изненадив колку добро одиграв. Не се чувствувам најдобро, па затоа оваа победа ме прави уште позадоволен. Се обидов да се фокусирам на мечот и да заборавам на моето здравје. Кога еднаш ќе излезеш на терен, мора да заборавите на сите маки кои ги имате надвор од него. Останувам да се борам, се надевам дека ќе бидам подобар за два дена, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни