Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се повреди во вториот поен и го предаде мечот во Рио де Жанеиро (ВИДЕО)

Објавено

на

Карлос Алкарас се надеваше дека со добар настап во Рио де Жанеиро ќе заборави на сите проблеми од изминативе неколку месеци и ќе се врати на победнички патеки, но уште на првиот меч на турнирот во Бразил вториот светски рекет доживеа пех поради кој мораше предвреме да го заврши мечот со Тиаго Монтеиро.

Имено веќе на вториот поен во средбата, Шпанецот имаше пад при што настрада зглобот. Веднаш му беше укажана медицинска помош, тој се обиде да продолжи да игра, меѓутоа при резултат 1-1 во гејмови се одлучи да се повлече затоа што зголбот му правеше проблеми при движењето.

-Утре ќе направам тест на зглнот и да видиме дали е нешто сериозно или не. Се чувствував, се чувствував лошо. Тоа беше првиот впечаток што го имав. Мислам, чувствував болка откако паднав, па мислев дека ќе биде тешко да продолжам да играм ако сè уште ги имам тие чувства.

-По неколку поени не се чувствуваше подобро. Ја чувствував болката. Не можев добро да се движам и знаев дека ќе биде невозможно да продолжам. Мислев дека ќе се влоши ако продолжам да играм на толку долг натпревар и затоа избрав да се повлечам, -истакна Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни