Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се мачеше осум гејма, па го разби противникот за полуфинале на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкарас мина уште еден предизвик и веќе е во полуфиналето на Вимблдон каде ќе ги одмери силите со Данил Медведев, ас кој претходно по голема борба и драма го доби Јаник Синер со 3-2 во сетови.

На Алкарас му беше потребно време за да проработи во соочувањето со Томи Пол, поточно се мачеше во првите осум гејма во кои Американецот со 6-4 поведе со 1-0 во сетови, а на стартот на вториот водеше со 2-0.

Од тука започна шоуто на фаворитот кој се разбуди, заигра како што се очекуваше и со 6-4 израмни на 1-1 за да наредните два сета ги реши со 6-2 и 6-2 што доволно говори за разликата на теренот.

Ова значи дека Карлос е на два чекори од одбрана на пехарот, првиот на патот е Медведев, додека утре ќе биде појасно за тоа кој може да биде можниот противник во евентуалното финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни