Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се мачеше еден сет, па се разигра за сигурен пласман во 3. коло на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Бранителот на титулата на Вимблдон, Карлос Алкарас успеа да обезбеди пласман во третото коло на овој грен слем и тоа откако попладнево ја оправда фаворитската улога во соочувањето со 69. тенисер на светот Александар Вукиќ.

Алкарас имаше турбулентен прв сет во кој имаше проблеми со константноста во играта, па откако поведе со 4-2 му дозволи на противникот да направи пресврт и дојде до 6-5 и сервира за сет. Шпанецот се разбуди, израмни на 6-6 за да во тај-брејкот повторно покаже две лица, ама со 7-5 го затвори истиот за водство од 1-0.

Потоа беше се полесно и во наредните два сета со 6-2 и 6-2 обезбеди конечна победа која го носи на пресметка со Франсис Тијафо.

Место во наредната рунда обезбеди и Медведев, додека најголемо разочарување беше Руд кој загуби од ветеранот Фоњини со 3-1 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни