Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Сакам да го имам она што го поседува Мари

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас доживеа големо разочарување на турнирот во Буенос Аирес, но Шпанецот нема многу време за очајување и веќе се подготвува за друг турнир во Јужна Америка, оној во Рио де Жанеиро.

Светскиот рекет број два традиционално настапува на турнири на земјена подлога пред да се врати на тврда со настап на Индијан Велс, а во разговорот со бразилските медиуми, уште еднаш го нагласил својот приоритет за 2024-та година.

Алкарас пред неколку седмици посочи дека златото на Олимписките игри го става пред секој грен слем турнир оваа година, па денеска порачал дека кариерата би сакал да ја заврши со учинок каков што има Енди Мари.

Британецот двапати го освои златниот медал на Олимписките игри и беше најдобар на тениските турнири во 2012-та и 2016-та година, а Алкарас не крие дека би сакал да оствари таков потфат.

– Титулата на Олимписките игри е моја најголема цел оваа сезона, станува збор за специјално натпреварување. Имам желба и на останатите грен слем турнири, но формата сакам да ми биде на највисоко ниво за игрите во Париз. Мари освои две злата во 2012-та и 2016-та година. Да освои две злата на Олимписките игри е нешто неверојатно, се надевам дека еден ден и јас ќе го имам тоа што го има Мари, – изјавил Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни