Поврзете се со нас

АТП

Алкарас прикажа страшен тенис во хаотични услови за игра и се одмазди за тешкиот пораз од пред една година (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас и Григор Димитров се гаранција за шоу во било кои тениски услови, но рано утрово нивната пресметка на Индијан Велс се играше во навистина тешки и сложени услови.

Силниот ветар им правеше огромни проблеми на двајцата тенисери, но младиот Карлито далеку подобро се снајде во такви услови и со страшен тенис се пласираше во четвртфиналето.

Алкарас му препушти само два гејма на Бугаринот од кого лани загуби на Мастерсот во Мајами, па така со 6:1 и 6:1 се реваншираше за поразот од пред една година.

Во меч кој траеше неполни 75 минути, Алкарас покажа дека останува прв фаворит за одбрана на титулата, што ако успее да го направи, ќе биде негов трет последователен трофеј на турнирот во калифорниската пустина.

Негов следен ривал на патот до финалето ќе биде Франсиско Серундоло, откако Аргентинецот успеа да го изненади Де Минор со победа во два сета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни