Поврзете се со нас

АТП

Алкарас пред полуфиналната битка со Ѓоковиќ: Тој е најдобар на светот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас го совлада Данил Медведев на денешниот меч во Торино, а со тоа си обезбеди полуфинале и тоа како првопласиран од „црвената група“.

Ова воедно значи дека за ривал во полуфиналето ќе го има најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој на овој завршен турнир покажа слабости, но Шпанецот е свесен дека пред него е голем предизвик против ривал кој знае како се слави на оваа сцена.

-Тоа е еден од најтешките предизвици. Против Новак во полуфиналето на турнирот кој го има освоено шест пати. Новак е Новак, тој е најдобар во светот во моментов. Има загуубено само шест меча, тоа значи дека е неверојатен. Ќе се обидам да го играм мојот најдобар тенис, исто како и на претходните натпревари, -истакна Алкарас.

Дуелот меѓу најдобрите двајца тенисери на светот е закажан за утре од 21:000 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни