Поврзете се со нас

АТП

Алкарас посочи кој е фаворит во битката со Ѓоковиќ: Искуството е на негова страна, ама…

Објавено

на

foto:twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ ќе водат битка за пласман во финалето на Ролан Гарос, односно слободно може да се каже дека победникот од дуелот ќе биде и голем фаворит за пехарот на Френч Опен.

И двајцата загубија само по еден сет на патот до оваа фаза што е показател за нивната доминација, но и тоа што може да се очекува во нивната пресметка. Досега само еднаш се имаат соочено и тоа во Мадрид минатата година каде одиграа три исцрпувачки сета кои траеја повеќе од три ипол часа, а победник беше Шпанецот.

Токму Шпанецот реши да проговори и статусот на фаворит му го препушти на повозрасниот колега, човекот кој има 22 грен слем пехари.

-Ова ќе биде негово 45-то грен слем полуфинале, а мене само второ. Искуството е сигурно на негова страна, но нема да размислувам за тоа во моментов. Ќе изберам дека ќе одлучи мојата младост. Новак е секогаш фаворит, не го велам тоа за да го симнам притисокот, се додека игра тенис тој е фаворит, освои толку многу титули, играше против најдобрите, -заклучи Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни