АТП
Алкарас полн со самодоверба: Сакам да бидам прв играјќи против Ѓоковиќ

Карлос Алкарас поради повреда го пропушти Австралија Опен и немаше шанси да го брани првото место на АТП листата кое го освои на крајот од минатата година, но рано утрово се врати на врвот откако го декласираше Данил Медведев во финалето на Индијан Велс.
Младиот шпански тенисер кој има само 19 години продолжува да воодушевува со своите настапи, а по уверливиот триумф над Русинот од 6:3 и 6:2, посочи дека тој сака да се соочува со најдобрите и посака брза средба со Новак Ѓоковиќ кој не доби дозвола да игра на Индијан Велс и во Мајами.
Поради тоа, на Алкарас му беше доста полесно да се врати на првото место, но тој се надева дека во блиска иднина ќе може да ги одмери силите со Ѓоковиќ и рамноправно да се борат за врвот.
– Неверојатно е чувството да се освои турнир и да се вратиш на првото место на АТП листата. Ова беше совршен турнир за мене и беше навистина брутално. Не очекував да биде волку лесно во финалето, но нависитна имав свој ден. Против Данил мора да бидете најдобар, а јас не се сомневав во ниту еден мој удар денеска.
– Сонував да го освојам овој турнир, а навистина е посебно што се враќам на првото место на АТП листата. Секој играч сака да биде на таа позиција. Да се биде пред големи играчи како Ѓоковиќ е неверојатно, а јас сакам да играм против него, сакам да бидам прв играјќи против него. Навистина сакам да играм против него, тој недостасува кога не добива дозвола да игра и се надевам дека брзо ќе ни се придружи, – изјави Алкарас.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 8 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…