Поврзете се со нас

АТП

Алкарас покажа моќ и го уништи тенисерот кој немаше загубено ниту еден сет во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас се главни фаворити за пехарот во Париз, а тоа најдобро го видовме денеска каде двајцата имаа импресивни партии со кои обезбедија четвртфинале на Ролан Гарос.

Прво задачата си ја заврши Ѓоковиќ, а потоа редот му дојде на Алкарас кој одговори на најдобар можен начин во дуелот со Лоренцо Музети. Италијанецот не загуби ниту еден сет на преходните три меча на турнирот и се очекуваше да биде вистински тест за Шпанецот, меѓутоа Алкараз покажа моќ, доминација и со чисти 3-0 обезбеди место во наредната фаза.

Карлос славеше со 6-3, 6-2 и 6-2, па сега спокојно ќе може да види кој ќе биде негов нареден ривал, поточно победникот од Циципас-Офнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни